Брзите возови ќе стасаат по 20 години

Bez autora
Feb 13 2011

Нови пруги по кои ќе се движат возови со 120 километри на час - ќе има, но по 10 или 20 години. Толку време им е потребно на „Македонски железници“ за да подготват проекти и да најдат пари за изградба на инфраструктурата. За да се изгради нова пруга на четири делници, со вкупно 87 километри, потребни се над 400 милиони евра. Парите ќе се бараат во ИПА-фондовите и од европските банки. Останува прашањето како ќе се одредат приоритетите во железницата која повеќе години немала ниту една сериозна инвестиција. Дали Владата ќе се ориентира кон обновување на пругата по должината на Коридорот 10, која населението, а уште повеќе стопанството, го поврзува со Грција или, пак, приоритет ќе бидат проекти за пругите кон Бугарија и Албанија?

Брзите возови ќе стасаат по 20 годиниНови пруги по кои ќе се движат возови со 120 километри на час - ќе има, но по 10 или 20 години.

Толку време им е потребно на „Македонски железници“ за да подготват проекти и да најдат пари за изградба на инфраструктурата. За да се изгради нова пруга на четири делници, со вкупно 87 километри, потребни се над 400 милиони евра. Парите ќе се бараат во ИПА-фондовите и од европските банки. Останува прашањето како ќе се одредат приоритетите во железницата која повеќе години немала ниту една сериозна инвестиција.

Дали Владата ќе се ориентира кон обновување на пругата по должината на Коридорот 10, која населението, а уште повеќе стопанството, го поврзува со Грција или, пак, приоритет ќе бидат проекти за пругите кон Бугарија и Албанија? Можеби, пак, ќе се тргне настрана прастарата инфраструктура по која се клацкаат македонските возови и наместо тоа ќе се обноват постојните вагоните и железничките станици. Со подновувањето на железницата повеќе од една деценија се врзани и други проекти што треба да донесат и странски инвестиции.

Таков е примерот со „Вардарска долина“, поради што практично треба да се поместат делниците Драчево - Велес и Демир Капија - Миравци. Нови линии ќе треба да добијат и делниците Велес - Ногаевци и Куманово -Дељадровце. Од „Македонски железници“ велат дека се работи на проектите, но на реализацијата, сепак, ќе треба да се чека уште долго време.

„Овие делници имаат ограничувања на пругите и дозволуваат возовите да се движат со брзина од максимум 65 километри, додека, пак, на новата пруга брзината ќе биде речиси двојно поголема. Станува збор за огромна инвестиција, бидејќи линијата се преместува во брдски регион. Според груби пресметки, еден километар нова пруга на терен со таква конфигурација чини пет милиони евра“, вели Владимир Пановски, помошник-директор за инфраструктура во МЖ.

За делницата Драчево - Велес во должина од 35 километри, моментно во тек е тендерот за избор на консултант за изработка на физибилити-студија и студија за влијание врз животната средина. Во втората фаза, која ќе почне во 2013 година, ќе се изработува и основниот проект за кој, исто така, постапките се очекува да траат неколку години. Затворање на финансиската конструкција за изградба на пругата, што ќе чини најмалку 165 милиони евра, во МЖ очекуваат дури по 2020 година.

За делницата Демир Капија - Миравци веќе има подготвен проект, информираат од „Македонски железници“, а во тек е изработката на студиите, што дава надеж дека барем изградбата на овие 20 километри ќе почне поскоро. Делницата Велес - Ногаевци со својата местоположба му пречи на развојот на Велес, но засега нема најави кога ќе почне изградбата на новата линија. За делницата нема ниту студии, ниту проект ниту, пак, МЖ има распишано тендери. За пругата од Куманово до Дељадровце, со должина од 12 километри, пак, во тек е јавната набавка за изработка на физибилити-студијата и оцената на влијанието врз животната средина.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik